„Рајанер“ се огласи за драмата со српскиот патник: Прозорецот од авионот можеби го скршила птица
Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, зборуваше за прелиминарните наоди од истрагата, откако патникот Љубиша Карановиќ на летот од Солун речиси излета низ скршеното прозорско стакло, јави „Ројтерс“. Според него, прелиминарните наоди од истрагата укажуваат на „оштетување од туѓ предмет“ (FOD), што значи дека моторот бил оштетен од предмет што не е дел од авионот. …

