Брегзит: При влез на Европејците во Обединетото кралство задолжителен е пасош

Знамињата на Европската унија и Велика Британија / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Од денеска личната карта веќе не важи за влез во Обединетото Кралство, која во иднина ќе бара од европските и швајцарските граѓани да ги покажат своите пасоши, што е една од последните последици од Брегзит.

Британското Министерство за внатрешни работи посочува дека оваа промена ќе овозможи „организираните криминални банди и други лица да бидат спречени да го злоупотребуваат системот”, бидејќи личните карти, како што вели, се „незаштитен” документ.

Бројките на министерството покажуваат дека 48 проценти од фалсификуваните документи откриени на границата на Обединетото Кралство во 2020 година се европски и швајцарски лични карти.

– Овие документи полесно се фалсификуваат отколку пасошите, додаде министерството, затоа што некои „немаат биометриски податоци“.

– Мораме да дејствуваме против криминалците кои сакаат илегално да влезат во нашата земја со фалсификувани документи, изјави министерката за внатрешни работи Прити Пател.

– Со престанокот да ги користиме незаштитените лични карти, ја зајакнуваме нашата граница и ја исполнуваме волјата на луѓето да ја преземат контролата врз нашиот имиграциски систем, додаде таа.

Исклучок од ова задолжително покажување на пасошите се ирските државјани, од една страна, и европските и швајцарските државјани со привремен или постојан статус на британска територија, од друга страна, кои ќе можат да ја користат својата лична карта до 31 декември 2025 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот