Бред Пит откри кои се единствените две актерки кои го оставиле без здив
Бред Пит ги изненади сите откривајќи ги имињата на две познати актерки од А-листата од кои бил воодушевен.
Препорачано
Во поткастот „Њу Хајтс“ Бред Пит отворено зборуваше за двете познати актерки пред кои занемел кога првпат ги запознал.
-Кога првпат ги запознав Џина Дејвис и Сузан Сарандон, во себе си реков: „Да!“ – рече Пит за своите колешки од „Телма и Луиз“.
Филмот „Телма и Луиз“ од 1991 година беше холивудскиот пробив на Пит, а во интервју за списанието W во 2023 година изјави:
„Џина беше толку мила, љубезна и нежна. Љубовната сцена, мислам дека ја снимавме два дена. Таа се грижеше за мене.“
Иако тогаш беше на почетокот на кариерата, Пит оставил силен впечаток кај своите познати колешки. Сузан Сарандон во 2021 година изјави дека, освен изгледот на Пит, таа била импресионирана од неговото чувство за хумор и начинот на кој го развил ликот, што не било нужно предвидено во сценариото. „Помислив, овој човек е интересен, тој не е само убаво лице“, рече Сарандон.
Џина Дејвис за People во 2020 година изјави дека веднаш го препознала талентот на Пит на аудицијата и дека не е изненадување што подоцна освоил Оскар. „Тој навистина го има она нешто“, рече Дејвис.


