Бред Пит нема да го заборави возењето со Луис Хамилтон: „Гребеше по прозорците и молеше да излезе“
Луис Хамилтон, добро познато име во Формула 1, му го овозможи на Бред Пит „најстрашното возење во неговиот живот“, во рамки на подготовките за новиот филм на Пит за Формула 1, кога одлучил да го птовози по тркачката патека.
Препорачано
40-годишниот Луис Хамилтон, кој го напушти Мерцедес по минатата сезона за да му се приклучи на италијанскиот гигант Ферари, е копродуцент на новиот филм во кој 61-годишниот Бред Пит го глуми талентираниот тркач.
Режисерот Џозеф Косински за магазинот Тајм ги откри драматичните детали од нивното заедничко возење.
„Тој му го приушти на Бред најстрашното возење во животот и тоа во само еден круг. Бред гребеше по прозорците, молејќи да излезе“, рече Косински. Во целиот проект и неговиот квалитет верува и Хамилтон, кој рече: „Ќе го надмине сето она што некогаш било направено во Формула 1“.
Според сценариото, Бред Пит глуми пензиониран возач кој се враќа во Формула 1 како дел од измислениот тим APXGP, каде што му е ментор на помлад возач.
Филмот е сниман на вистински локации за трки во Ф1 ширум светот и треба да пристигне во кината на 27 јуни 2025 година.
View this post on Instagram


