Бред Пит фотографиран пред куќата на Анџелина Џоли во време кога се појавија голи слики од неговата сегашна девојка! (ФОТО)
Американскиот акгер, филмски продуцент и Оскаровец, Брет Пит (56) е фотографиран додека излегувал од вилата на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли (45) и тоа во време кога беа објавени разголени фотографии од неговата наводно нова девојка, Алија Шоукет (31).
Препорачано
Имено, Бред Пит бил сликан на својот мотор, откако поминал два часа во вилата на Анџелина. Ова е првпат да биде фотографиран во близина на нејзината куќа откако се разведоа пред четири години, поради негови проблеми со алкохолот.
Актерот излегол од луксузната вила на Џоли во Лос Анџелес која вреди 24 милиони долари.
Сето ова се случува по трачевите дека поранешниот пар многу подобро се согласува во последно време, а причина за тоа се нивните деца и дека повторно оствариле добра комуникација.
Пит е фотографиран додека со моторот излегувал од нејзиното двориште во светло-маслинеста маичка, фармерки, бели патики и со сива кацига. Фотографиите може да ги погледнете ТУКА.
Инаку неодамна Џоли изјави дека таа со Бред Пит не е повторно во врска, туку дека се само добри пријатели, а исто така потенцираше дека и пречи тоа што папараците постојано ја следат во чекор.


