Бред Пит денеска слави 61 роденден: И во седмата деценија е еден од најатрактивните мажи во светот
Холивудскиот актер Бред Пит, еден од најпосакуваните мажи на светот, денеска го слави својот 61 роденден, влегувајќи во седмата деценија од животот.
Препорачано
Бред Пит е роден на 18 декември 1963 година во Шани, Соединетите Американски Држави. Неговата кариера во светот на филмот започна кон крајот на осумдесеттите, а првиот вистински пробив го направи во средината на деведесеттите. Славата ја стекна преку неколку големи холивудски улоги, а неговиот талент, харизма и физички изглед го направија вистинска ѕвезда.
Неговата прва голема улога беше во 1988 година во филмот „The Dark Side of the Sun“, каде што го толкуваше ликот на млад Американец чие семејство му помага да се опорави од кожна болест. Филмот се снимаше во Југославија, а Пит за време на снимањето седум недели заработувал 1.523 долари неделно.
После тоа добива улога во ТВ филмот „Too Young to Die?“. Сепак, неговата вистинска ѕвездена кариера започна во средината на деведесеттите години на минатиот век.
Некои од најпознатите и најомилените улоги Бред Пит ги постигна во филмовите како „The Devil’s Own“, „Seven Years in Tibet“, „Meet Joe Black“, „Ocean’s Twelve“ и „Troy“. Неговиот талент не остана незабележан, а многумина го сметаат за еден од најважните актери на неговата генерација.
Еден од клучните моменти во неговата кариера беше неговата изведба во филмот „Thelma i Louise“ од 1991 година, каде го толкуваше ликот на ситен криминалец скитник. Оваа улога, иако споредна, го направи Пит вистински „секс симбол“, а љубовната сцена со Џина Дејвис, во која тој беше прикажан речиси гол со каубојска капа, стана иконска и остана во меморијата на публиката.
Бред Пит беше во брак со популарната актерка Џенифер Анистон, а нивната романса беше под будното око на светските медиуми. Меѓутоа, по снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“, каде глумеше заедно со Анџелина Џоли, Бред започна љубовна врска со Анџелина. Таа врска, брак и нивниот развод беа проследени со голем интерес во јавноста. Со Анџелина Џоли има шест деца – три биолошки и три посвоени.
Бред потоа започна врска со 31-годишната актерка Инес де Рамон. Имено, таа во февруари оваа година се пресели кај Бред во Лос Анџелес. Ова е прва сериозна врска на Бред по разводот со Анџелина Џоли.
Иако денес има 61 година, Бред Пит сепак изгледа одлично и со секој нов проект го потврдува статусот на холивудска икона, а секако стана симбол на гламурот и убавината.


