Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро/ Фото: Aрхива на Слободен Печат

Бразилскиот Конгрес го одби уставниот амандман на Болсонаро за начинот на гласање

Долниот дом на бразилскиот Конгрес не го изгласа уставниот амандман поднесен од претседателот Жаир Болсонаро за промена на системот на гласање пред претседателските избори, што ќе се одржат следната година, пренесува Ал Џазира.

„За” уставниот амандман гласаа 229 претставници, 218 се изјасниле „против”, а еден бил воздржан, додека десетици претставници на законодавната власт не присуствуваа на седницата. Болсонаро предлагаше на претседателските избори следната година да се гласа со хартиени гласачки ливчиња наместо електронски, тврдејќи дека со електронското гласање се лажираат изборите.

Рејтингот на Болсонаро е во пад, а Бразил е втора земја во светот по смртност од Ковид-19.

Неколку часа пред гласањето на улиците на Бразилика бразилската морнарица одржа парада, што неговите противници го оценија како притисок врз пратениците. Морнарицата соопшти дека парадата била претходно планирана.

Болсонаро ја следеше парадата, а сликата со тенковите пред претседателската палата не остави впечаток кај Бразилците, бидејќи голем број од нив се сеќаваат на периодот од 1964 до 1985 година, кога живееја под воена диктатура

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот