Бразилката Анита ќе ја забавува публиката во финалето од Лигата на шампионите

Aтрактивната бразилска пејачка Анита која е популарна ширум светот ја доби честа да настапи во финалето од Лигата на шампионите.
УЕФА потврди дека покрај Анита во Истанбул на 10-ти јуни каде што ќе се сретнат Манчестер Сити и Интер ќе настапи и нигерскиот музичар Бурна Бој.
Голема популарност 30-годишната пејчак стекна во 2022 година со хитот „Еnolver“.
„Навистина ми беше драго кога ја дознав оваа вест и едвај чекам да се појавам на бината за финалето. Се надевам дека ќе пружиме одлична претстава за гледачите ширум светот. Немојте да пропуштите“, порача Анита.
Во 2015. Година Анита беше прогласена и најсекси жена според гласовите на читателите на магазинот ВИП. Исто така во 2019 година пееше и на церемонијата на затварање на Копа Америка тогаш друштво и правеше Педро Капо од Порторико.