Лукас Пинеиро Братен EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Бразилец испиша историја во Кортина и спречи совршен ден за Швајцарците во велеслалом

Бразилецот Лукас Пинеиро Братен испиша историја на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано, освојувајќи го златниот медал во велеслалом и приредувајќи вистинска сензација на патеката.

Овој триумф има историска тежина бидејќи станува збор за прв златен медал за една јужноамериканска земја на Зимски олимписки игри. Братен до највисокото место на пиедесталот стигна со вкупно време од 2:25.00 минути, оставајќи го зад себе големиот Марко Одермат  кој заостана 0,58 секунди.

Бронзата ја освои уште еден швајцарски натпреварувач, Лоик Мејар, со заостанување од 1,17 секунди, додека неговиот сонародник Томас Тумлер заврши четврти, на 1,45 секунди од победникот.

Македонскиот претставник Виктор Петков по двете возења го зазеде 55. место, ќе потсетиме за него ова беше дебитантски настап на едни Зимски Олимписки игри.

ГАЛЕРИЈА | Четворицата олимпијци подготвени да ги бранат боите на Македонија во Кортина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот