Бразил го растури Перу, Нејмар во лов на рекордот на Пеле

epa09281713 Brazil's Neymar Jr. controls the ball against Peru during the Copa America group A soccer match between Brazil and Peru at the Nilton Santos Olympic Stadium in Rio de Janeiro, Brazil, 17 June 2021. EPA-EFE/Andre Coelho

Фудбалерите на Бразил со убедливи 4:0 го совладаа Перу во второто коло од групата Б на Копа Америка.
Селекторот Тите направи дури шест измени во однос на натпреварот од првото коло со Венецуела, но Бразил предводен од Нејмар дојде до убедлив триумф.
„Кариоките“ победата ја најавија во 12 минута кога Алекс Сандро го отвори резултатот.
Бразил продолжи со доминацијата на теренот и со нападите, но вториот гол го постигна во 68 минута кога во листата на стрелци се запиша Нејмар кој интересно го постигна 68 гол за репрезентацијата. Со тоа Нејмар се приближи до рекордот за најдобар стрелец во бразилската репрезентација кој го држи Пеле со 77 голови.

Во самиот финиш, Бразил постигна уште два гола за убедлив триумф над Перу, прво во 89. минута Рибеиро, додека во судиското продолжени Ришарлисон го постави конечниот резултат.
Следен противник за Бразил во групата Б ќе биде селекцијата на Колумбија, а натпреварот ќе се игра на 23 јуни.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот