Браво за Ѓорѓи Кузмановски: На 80 години не се откажува од моторот, помина 300 километри, а ќе вози додека е жив!

Фото: Приватна архива

Отворено со Ѓорѓи Кузмановски, претседател на Сојуз на спортови на Град Скопје.

250 мотоциклисти од земјава и од странство беа дел од релито „Независност 2021“, кое се возеше низ земјава во изминатите три дена. Оваа година Ѓорѓи беше најстариот учесник на релито, како што вели тој, ќе учествува додека е жив.

– Беше одлично, и јас и релито, драго ми е што успешно го поминав релито. Задоволен сум поради себе, ова е надополнување на мојот успешен живот во спортот. Би сакал да испратам порака до сите повозрасни личности, да бидат активни, годините се само бројка, бидејќи ќе бидат поздрави и поубав.

Кузмановски вели дека е пензионер во поодминати години, но е многу активен на многу полиња и во општествено-спортското живеење, во физичката активност, моторите и велосипедите.

– Без размислување учествував повторно во релито за Независноста на Македонија. Возевме 300 километри. Тргнавме на 3-ти sептември од Скопје, возевме по автопат до Штип, па преку Македонска Каменица, Делчево, Берово, преку Огражден, Струмица и Дојран. На 4-ти ја почнавме втората етапа имавме две искачувања…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот