Братот на Никола Јокиќ осуден на условна затворска казна
Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола Јокиќ, е осуден на 12 месеци условна казна поради инцидент што се случи во април 2024 година, за време на плејоф натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс.
Препорачано
Како што соопшти Обвинителството во Денвер, пресудата е донесена во петокот, откако Јокиќ се изјаснил за виновен за неовластен влез на терен и нарушување на јавниот ред и мир.
Инцидентот се случил на 22 април, веднаш по завршувањето на мечот. На видеоснимкитекои се појавија на социјалните мрежи, се гледа како Страхиња физички напаѓа навивач и го удира во лицето. Според полицискиот извештај, жртвата претрпела потрес на мозок.
Првично, Јокиќ негирал вина и тврдел дека дејствувал во самоодбрана, обидувајќи се да заштити постаро лице кое се наоѓало во негова близина. Сепак, по разгледување на доказите и видеоматеријалите, судот пресуди дека Јокиќ е виновен.
Со изречената условна казна, Страхиња ќе избегне затворска казна, но само доколку во наредните 12 месеци не стори ново кривично дело.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Преземено од: Спорт.ком.мк


