Бранислав Лечиќ прозборе откако кривичната пријава на Даниела Штајнфелд била одбиена од Вишото јавно обвинителство

бранислав лечиќ
Фото: Принтскрин / Facebook

Бранислав Лечиќ прозборе за „Блиц“ откако Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава на Даниела Штајнфелд против него.

„Откако ме силуваше, посака да му пеам, и пеев, а жена му го бараше на телефон цело време“: Даниела Штајнфелд со нови потресни детали по обвинението против Лечиќ

„Сè уште не би сакал да коментирам ништо, бидејќи официјално го немам тоа сознание. Ако им верував на медиумите и на другите, а не на законот, ќе помислев дека сум чудовиште. Така ќе го почитувам законот и ќе почекам официјално да ме известат, па ќе дадам изјава“, рече Бранислав Лечиќ.

Српските медиуми сè уште немаат увид во одлуката на обвинителството, а причините за одбивањето на кривичната пријава сè уште не се познати.

Да потсетиме, актерката Даниела Штајнфелд во својот документарец откри дека била жртва на силување, а потоа ги објави јавно тврдењата дека ја силувал „моќен човек од филмската индустрија“.

ВИДЕО I Штајнфелд за „Инсајдер“: Ме силуваше, а четири дена потоа игравме во претстава. Посакав и да се самоубијам

Само неколку месеци подоцна, таа пријавила во полиција дека во 2012 година била силувана од постар колега – инаку добро познатиот актер Бранислав Лечиќ.

И Лечиќ и Штајнфелд во март беа испрашувани и сослушани во врска со тврдењата на актерката. Лечиќ ги негираше обвинувањата од самиот старт.

Уште една жртва: Бранислав Лечиќ пред 43 години ја силувал актерката Мерима Исаковиќ кога имала 18 години

Потоа, во овој случај имаше затишје, а потоа актерката Мерима Исаковиќ за весникот „Неделник“, откри дека во 1978 година, во времето кога тие биле колеги на Факултетот за драмски уметности во Белград, Лечиќ ја злоставувал сексуално. Таа рече дека е подготвена да сведочи против Лечиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот