„Откако ме силуваше, посака да му пеам, и пеев, а жена му го бараше на телефон цело време“: Даниела Штајнфелд со нови потресни детали по обвинението против Лечиќ

Instagram
Instagram

Белградската публика во средата вечерта имала можност да го погледне документарниот филм „Zaceli me“ (Hold me right), во режија на Даниела Штајнфелд. Во него, актерката раскажала досега непознати детали за сексуалниот напад кој го доживеала од нејзиниот колега Бранислав Лечиќ, но исто така објаснила како успеала да се справи со траумата и да ги залечи раните.

На почетокот на филмот, Даниела објаснува зошто решила да побегне од Србија.

Човекот кој ме силуваше е многу познат во Србија, поради неговата моќ и популарност, немаше да биде безбедно да кажам кој е тој. Тоа ќе беше опасно како за мене така и за моето семејство. Затоа заминав, на почетокот на мојата популарност и развивање на кариерата како актерка. Заминав мислејќи дека одам во нова земја каде што ќе започнам од почеток и дека никогаш повеќе нема да размислувам за тоа. Не бев свесна колку трауми доживеав. Ми требаше време да прозборам за тоа и мислев дека ако направам туѓите приказни да се слушнат, тогаш ќе се слушне и мојата приказна, почнала да раскажува Даниела споделувајќи видео кое го снимала ден по силувањето.


Минатата ноќ се случи нешто ужасно. Уште сум збунета и во шок. Требаше да почувствувам дека оди кон ова, зборуваше уште од 2010 дека ме посакува. Јас него му кажував дека не го сакам. Зборував и дека не сум заинтересирана, дека имам момче, дека не сакам никаква врска со него, што и така беше , започнала Даниела и раскажала за страшните моменти на самиот напад.


Му викав цело време да застане, дека се плашам, дека не го сакам тоа, многу пати му реков „не“. Ме турна на ѕидот, почна да ме допира секаде по телото, ја стави раката во моите гаќи. После тоа цело време се обидуваше да омаловажи што се случило и се правеше дека се е во ред. Кога се враќавме назад, неговата жена цело време го бараше на телефон, а тој само мене ме држеше за рака и зборуваше колку е среќен и благодарен, ми се смееше. Бараше да му пеам, и пеев. Во тој момент веќе не бев човечко суштество. Сè уште се сеќавам на моментот кога излегов од неговиот автомобил и ги ставив нозете на земја. Мислев колку е прекрасно да се биде жив и сè беше готово.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nova.rs showbiz (@nova.rs_showbiz)


Даниела раскажала дека неколку дена по злоставувањето мислела дека сè ќе биде добро. Дека се е минато и дека ќе можела да продолжи нормално со животот.

Бев сè уште еуфорична и не сакав да прифатам што ми се случи. И по некое време само одеднаш ми дојде пред очи сликата од тој ѕид и како се изгледаше.

Чувствував како да ме силува одново и одново. Ретроспективите од таа ноќ ми беа најстрашното нешто што некогаш го имав доживеано. После тоа не можев да бидам во автомобил, да патувам, да зборувам со странци, да одам на аукции, да се обидувам да направам кариера во Америка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branislav Lecic (@branislavlecic)


Актерката открила и како во еден момент планирала да изврши самоубиство.

Одлучив да одам од Њујорк во Лос Анџелес, каде што никој не познавав. Бев разделена од семејството и од пријателите во Њујорк. Мојата одлука беше дека тоа ќе биде последната година во мојот живот. Но, не во таа очајна смисла, туку дека така треба да заврши сè. Оставив проштално писмо во станот, во кое напишав дека сакам да бидам погребана во Америка, а пепелта да им биде испратена на моите родители. Напишав да ми простат. Мојата цимерка го нашла и веднаш викнала полиција. Се обидов да ги излажам полицајците, им реков дека тоа е лажен аларм, мислејќи дека ќе се извлечам. Но тие не ми поверуваа. Дојдоа во станот, го видоа писмото и ме уапсија, раскажала актерката и открила дека долго време планирала да најде начин да докаже кој ја силувал.


Одлучив дека ќе најдам доказ дека луѓето ќе ми веруваат. Дека ќе најдам начин да дојдам до доказите. Сите мои пријатели ми рекоа дека нема шанси да успеам во тоа и дека поминало многу време да докажам што било. Дека би се ставила во многу несигурна и опасна ситуација и дека нема смисла да го правам тоа, дека нема да добијам ништо од тоа. Но, тогаш решив да го снимам.

На крајот од филмот, Даниела, во разговор со други жртви кои исто така доживеале злоставување, вели дека успеала да се чувствува слободна само по долга работа на себе, но и кога нашла сила да прости.

Најголемиот дел од моето заздравување беше да дојдам до тоа место во себе и да му простам. Сфатив дека никој не може да ми ја одземе моќта над моето битие и врз моето тело. Ниту тој, ниту злоупотребата, ниту силувањето. Сфатив дека оваа приказна веќе нема моќ над мене и дека се ослободив и дека ја излекував. Беше тешко да се замисли дека овој момент ќе дојде, но јас сум среќна што го достигнав. Среќна сум што сум на слобода, заклучила Даниела со насмевка.


Девојките од организациите „Верувам во тебе“ и „Женска солидарност“ ја поддржале актерката со доаѓањето на премиерата на филмот „Zaceli me“ во Белград со транспарент на кој пишувало: „Ние веруваме во Даниела Штајнфелд“. Иако Даниела не била присутна на премиерата во Белград, оваа важна порака била испратена до сите кои посакале да го погледнат документарецот.

Избор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот