Браќата Војдан и Дамјан потпишаа нови договори со МЗТ

Фото: МЗТ Скоје

Тандемот Војдан и Дамјан и наредната сезона ќе ги брани боите на МЗТ Скопје, потврди денеска клубот од Аеродром.

За капитенот Дамјан ова ќе биде 12. сезона во сино-белиот дрес во која ќе ја брка јубилејната десетта титула. Пред Војдан, пак, е четврта сезона како член на актуелниот шампион откако пристигна на почетокот на 2022 година.

„Обновата на соработката со браќата Стојановски е само продолжување на  клупска политика за формирање тим предводен пред се од квалитетни македонски кошаркари. Договор со нашиот тим имаат уште Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, со што веќе имаме затворено половина од ростерот за средбите што нѐ чекаат во домашните натпреварувања и во АБА2-лигата“, објави МЗТ.

МЗТ исто така најави дека во наредниот период ќе пристигнат и нови засилувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот