Брачен пар успеал да избега од старечки дом со помош на Морзеова азбука

pexels

Еден брачен пар кој бил згрижен во домот за стари и немоќни лица „Елмкрофт“ во Тенеси, САД успеал да побегне од домот со помош на Морзеова азбука.

Парот, кој имал деменција и боледувал од Алцхајмерова болест, успеале да го дешифрираат и да го запаметат кодот на електронската врата во нивниот дом „Елмкрофт“, објави „Nashville Tennessean“. Тие биле надвор од домот околу 30 минути на 2 март, пред некој случаен минувач да ги забележи два блока од нивното живеалиште.

Сопругот рекол дека претходно работел со Морзеова азбука додека бил во војска и го искористил тоа искуство за да го меморира кодот со кој вработените ја отварале вратата. Тој и неговата сопруга така успеале да ја отклучат вратата и да го напуштат домот.

Државните службеници го казниле домот за стари лица со 2.000 американски долари поради бегството. Од институцијата велат дека ги смениле сите кодови за излез и ќе спречат слични инциденти со почести проверки.

Безбедноста е главниот приоритет на нашата заедница за стари лица. Благодарни сме што парот беше безбедно вратен во домот. Ние веднаш ја пријавивме ситуацијата до надлежните и нивното семејство и целосно соработувавме со државата“, рекле од домот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот