„БП” инвестира над милијарда долари во ветерници во САД

Ветерници/ Фото: Архива на Слободен печат

Британската нафтена компанија „БП” денеска објави дека влегува во крупен проект за развој на ветрени електро станици развивани од норвешката енергетска компанија „Еквинор”.

Спогодбата налага „БП” да вложи 1,1 милијарда долари за 50 отсто удел во проектот, што е најзначајна сума на „БП” досега инвестирана во областа крајбрежна ветерна енергија.

Ветерните фарми „Еквинор” ги развива во морските води на САД, недалеку од крајбрежјето на Њујорк и Масачусетс, фармите се поставени на две локации.

Првата, наречена Empire Wind, е на површина од 320 квадратни километри на која се планира инсталација на 60 до 80 турбини. Проектната моќност на таа ветерна фарма ќе биде до 2 Гигавати. Производството на електрична енергија ќе започне од 2025 година. Површината на втората фарма, Beacon Wind, е поголема и изнесува 500 квадратни километри, со проектна моќност од 2.4 ГВт.

-Ова е важен чекор во рамките на нашата нова стратегија за трансформација во интегрирана енергетска компанија. Светскиот пазар на ветерна енергетика расте приближно 20 отсто на годишно ниво. Оваа област веќе е призната како најважен инструмент за решавање на глобалните цели за намалување на издувните гасови, изјави Барнард Луни, првиот човек на „БП”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот