Бове: Поддршката од целиот фудбалски свет ми даде неверојатна сила
Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, изјави дека добро се чувствува и додаде дека поддршката што ја добил од навивачите и соиграчите му помогнала да се опорави откако беше ставен во медицински индуцирана кома, пренесува денеска АП.
Препорачано
Бове колабираше на теренот на 1 декември за време на натпреварот од 14. коло во Серија А помеѓу Фиорентина и Интер.
– Во вакви моменти сфаќам колку е реален овој спорт, и како сите сме поврзани, освен резултатите, конкуренцијата и ривалството. Поврзан со врска која штом се создаде, станува посилна во тешки времиња – напиша Бове на својот Инстаграм профил.
Бове (22) пред три дена беше пуштен од болница. Нема да може да игра во Италија доколку мора да му се вгради дефибрилатор.
– Поддршката што ја добив, топлината на навивачите, поддршката од соиграчите и противниците и блискоста на целиот фудбалски свет ми даде неверојатна сила и храброст. Се чувствувам добро и тоа е најважно. Се гледаме наскоро…на теренот – додаде тој.
Бове е член на Рома, а од 30 август годинава настапува како позајмен во Фиорентина. За клубот од Фиренца оваа сезона одигра 14 натпревари.


