Бостон ја пензионира „петката“ на Гарнет

twitter/Bleacher Report

Екипата на Бостон селтикс одлучи да го повлече дресот со број пет кој го носеше Кевин Гарнет. Легендарниот крилен центар во најтрофејниот НБА тим настапуваше од 2007 до 2013 година, и за тоа време успеа да освои една шампионска титула, во 2008 година кога дел од тимот беа Реј Ален и Пол Пирс.

Во шампионската сезона беше избран за најдобар дефанзивец во лигата и беше во најдобрата петорка во регуларниот дел од сезоната.

– Чест ми е и благодарен сум што мојот број ќе биде пензиониран во Бостон. Секогаш ќе имам голема почит и благодарност до сопствениците, моите поранешни соиграчи и навивачите – изјави Гарнет.

Кевин Гарнет во дресот на Бостон одигра 396 натпревари и имаше просек од 15,7 поени, 8,3 скокови и 2,7 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот