Чип илустрација/ Фото Donat Sorokin / TASS / Profimedia

„Бош“ ги крати смените во две германски фабрики

Недостатокот на чипови го принудува производителот на автомобилска електроника Bosch да ги намали смените во два фабрики во својата матична земја Германија.

– Наш приоритет е снабдувањето и избегнувањето или минимизирањето на ограничувањата за производство – рече портпаролот на компанијата, додавајќи дека производството во фабриките во Анцбах и Залцгитер повремено запира поради недостаток на компоненти за електронски склопови, пишува German New Servis- пренесе Каматица.

Затоа Bosch аплицираше за владини субвенции со кои планира да го покрие намалувањето на смените во тие два фабрики. Шемата им овозможува на компаниите под финансиски притисок да испратат дел од своите работници дома без да намалат работни места, бидејќи државата покрива дел од неисплатените плати.

– Колку најголемиот производител на автомобилска електроника во светот ќе го користи „докажаниот инструмент“ за помош зависи од состојбата на пазарот и тесните грла во наредните недели – рече портпаролот.

Коренот на проблемот со снабдувањето се навраќа на производителот на чипови Nexperia, чие управување беше одземено од неговиот кинески основач од страна на холандската влада и ставено под државна контрола. Како одговор на потегот, Кина го запре извозот на производи како што се чипови за автомобилската индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот