БОРИС ЏОНСОН И ОФИЦИЈАЛНО ПРЕМИЕР: Луѓето кои се обложија против Британија ќе останат без ништо (ВИДЕО)

Фото: EPA/Victoria Jones

Борис Џонсон денеска и официјално ја презема функцијата премиер на Велика Британија.

„Кралицата Елизабета Втора го прими Борис Џонсон и од него побара да формира нова администрација. Џонсон го прифати мандатот“, стои во соопштението на Бакингемската палата.

Поздравен со аплауз, Џонсон изјавил дека кралицата го повикала да формира влада и дека тој тоа веднаш го прифатил.

Џонсон во говорот ги поздравил напорите на претходничката Тереза Меј, а истакнал и дека луѓето кои се обложуваат против Британија ќе останат без ништо.

Групата на учесници во протестот против климатските промени, кои во поголемиот дел се жени, накратко се обиделе да го блокираат патот до Бакингемската палата додека по него поминувал конвојот, во кој се наоѓало возилото на новиот британски премиер.

Џонсон ја наследи Тереза Меј на функцијата премиер на Велика Британија, по кампањата за избор на нов лидер на Конзервативната партија, во текот на која вети дека ќе го спроведе Брегзит до 31 октомври – со или без постигнат договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот