Борел: ЕУ и САД повеќе не се натпреваруваат за дијалогот Белград – Приштина

Жозеп Борел / Фото: Архива

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, ја поздрави добрата соработка со САД околу дијалогот Белград- Приштина после години тензии со администрацијата на Доналд Трамп, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој одговарајќи на новинарско прашање дали зборувал со американската страна за спорот помеѓу Србија и Косово, Борел рече дека разговарал со неговиот колега, Ентони Блинкен.

– Сега има многу добра соработка помеѓу САД и Европа, нема повеќе конкурентност од страна на САД, не пробуваат да надвладеат во дијалогот, ова е процес што го води ЕУ, имаме силна соработка и тоа ќе помогне, рече Борел.

Денеска во Луксембург се одржа Советот за надворешни работи на министрите на ЕУ, на кој главна тема беше Белорусија и санкциите против режимот на Лукашенко. Борел ги брифирал министрите за последната рунда на дијалогот помеѓу Белград и Приштина што се одржа минатата недела во Брисел и изрази надеж дека е можен нов состанок летово. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот