Боречкиот клуб „Балканец“ освои четири медали на „Куп Самоков“ во Бугарија

Успеси за борачите на „Балканец Штип“ на меѓународниот турнир во Самоков/фото: facebook.com/BKBalkanecStip

Македонскиот боречки клуб на Балканец Штип, успеа да се закити со четири медали на меѓународниот турнир „Куп Самоков“ во Самоков, Бугарија.

Борачите на Балканец ги постигнаа следните резултати, кај пионерите 2008-2009 во грчко-римски стил Леон Манов (35 кг.) го освои златниот медал.

Во женска конкуренција, кај кадетките 2006-2007, Марија Цветанова (57 кг.) беше второпласирана.

Потоа, до среброто дојде и Мелани Митевска во категориата 61 кг., додека бронза има Анабела Данилова (61 кг.)

Ова е само продолжување на успесите на клубот, претходно овој месец освои и пет медали на меѓународниот турнир „Легендите на Спартак“ во Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот