Борбата на Аланис Морисет со постпородилна депресија: Пејачката е благодарна што е жива
Американската пејачка која има три сина, отворено зборуваше за долготрајната борба со постпородилната депресија што на моменти ѝ правела штета и во бракот.
Хитмејкерката Аланис Морисет, која ги има синовите Евер, Оникс и Винтер со сопругот Марио Тредвеј, призна дека е благодарна што е на „другата страна“ од нејзината долготрајна борба со проблемите во врска со менталното здравје и призна дека постпородилната депресија за малку ќе ја чинела живот и ќе ѝ го уништела бракот.
View this post on Instagram
– Имав постпородилна депресија и по секоја бременост таа прогресираше во уште потешка форма. Среќна сум што конечно сум на другата страна, но тоа се случи во последниве три месеци, изјави Морисет за ТВ-шоуто „Денес“.
Таа објасни дека најголем проблем во целата битка била неможноста да му објасни на сопругот како се чувствува.
View this post on Instagram
– Имавме навистина тешки моменти, бидејќи не постоеше вистински начин да му покажам што ми се случува во моето тело, без разлика колку пати се обидов тоа да го средам. Ако не го имаш тоа почувствувано, не може никој да ти го објасни со зборови, откри таа.
View this post on Instagram
Во моментите кога била во најдлабока депресија, пејачката вели дека се чувствувала како „да тоне под вода или како да е покриена со катран“. И покрај тоа што се чувствувала засрамено што мора да пие лекови, Аланис вели дека никогаш не зажалила што ги зела лековите бидејќи тие ѝ помогнале да преживее.
View this post on Instagram
– Отпрво многу се срамев кога требаше да почнам да пијам лекови. Но, тие ми помогнаа да останам жива и затоа сега не жалам. Ако има потреба да земате лекови, не се двоумете, им порача пејачката на сите што се соочуваат со истиот проблем.
View this post on Instagram
За среќа, таа сега се чувствува како пред постпородилната депресија и е задоволна од својот живот. Мајката на три деца додаде дека најмалку ѝ помагале советите од луѓето што ѝ велеле дека не ѝ е ништо и потребен ѝ е само одмор и спиење, бидејќи тие не знаеле колку е тешко да се бориш со депресија.
View this post on Instagram
– Кога бев на врвот од депресијата, некои луѓе знаеја да ме посоветуваат: „Ох, само ти треба малку прошетка“ или „Треба да отспиеш малку“. Но, сфатете тоа е навистина сериозна и повеќеслојна болест. Не е само една работа, има повеќе нешта во неа и не може да се среди преку ноќ, заклучила пејачката.