Бон тон на женските чевли, ајде да се потсетиме што беше тоа

pixabay

Ако носите отворени чевли или сандали, задолжително е да имате средени петици и нокти и педикир.

Од сите модни додатоци чевлите се најомиленото модно парче на милиони жени, без разлика дали ја следат или не модата. Едно е сигурно, елегантниот изглед никогаш не излегува од мода. Во вечната промена на трендовите, сепак, постојат правила за стил што не се менуваат. Па, ајде, да се потсетиме на нив и да ги применуваме:

  1. Kолку повеќе чевлата е затворена, толку е поформална. Затворената пета на чевлата е поформална од таканаречениот модел шанел, односно модел со отворена пета, кој пак е поформален од отворените сандали. 2. Високата потпетица е поелегантна од ниската потпетица. 3.Тенката потпетица е поелегантна од полната пета. 4. Чевлите на платформа не се дизајнирани за формални пригоди. 5. Ако носите отворени чевли или сандали, задолжително е да имате средени петици и нокти и педикир. 6. Чизмите со висина до глуждот настанаа како неформални обувки, па не се соодветни за поелегантен код на облекување или за вечерни пригоди.7. Најкласични материјали за елегантен излед се телешката кожа во потемна нијанса за постудените денови, односно посветла нијанса на боја на кожа за потоплите денови, и сатенот за вечерни пригоди.8.Во официјални пригоди секогаш треба да се носат чорапи. 9. Чевлите никогаш не треба да бидат посветли од чорапите. 10. Чорапите и чевлите со иста боја ја издолживаат силуетата.

Салонки – Тие се најкласични женски чевли и се вистински избор за на работното место, но и за секоја формална пригода. Класичните салонки со умерено висока потпетица се неопходно модно парче во секој женски гардеробер. Внимавајте да не претерате со потпетиците: секоја висина над 8 сантиметри, дури и кога се комбинираат со деловен костум, дава кубистички ефект.

Модел „шанел“ – Чевли кои се отворени кај петата и се одлични за сезоната на потопли денови кога сакате да задржите одредена формалност. Совршени се за работното место, убаво се комбинираат со дневни фустани, а елегантни се и кога се во рамна верзија, иако голем дел од дизајнерите не ги препорачуваат за вечерни пригоди.

Сандали – Најстарите обувки на светот, можат да варираат многу во однос на формалностите. Нежен модел на сандали со високи потпетици одлично се комбинира со вечерен фустан, но внимавајте: покажувањето на стапалото, никогаш нема да биде соодветно кога се бара поголема формалност.

Сандалите со врвци или ремче на глуждот се корисни за креирање модерен изглед дури и ако се комбинираат со фармерки и блуза, но подеднакво се и главни протагонисти на коктел забавите. Единствена маана им е што, доколку ремчето е подебело на глуждот, визуелно ги скартува нозете. Рамните модели се дефинитивно неформални, а моделите со тантела или мрежа се идеални за бохо-шик изглед. Максимално неформални се таканаречените флип-флоп сандали, со ремче само на едниот прст, и иако често ги гледаме дури и на работните места, ним им е местото само за на одмор.

Мокасини – Типични американски чевли за колеџ, остануваат модерни и оваа сезона. Идеални се за лежерен изглед. Верзиите со потпетици, за да се комбинираат со здолништа или панталони, воопшто не се елегантни.

Балеринки – Поженствени од мокасините, но подеднакво неформални, балеринките некогаш биле традиционални чевли за малите девојчиња, па поради тоа и понатаму треба да се избегнуваат. Формата на предниот дел е најзначајна: заоблената е шармантна и младешка, пошпицестата е поагресивна, но доколку се комбинираат со нежен фустан со богат принт, знае да биде и женствена, а квадратната форма потсетува на балетски чевли и повремено се враќа во мода, што не е случај оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот