Бон Џови во емотивна борба со коронавирусот: Приказните на луѓето ги претвора во песна! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Пејачот Џон Бон Џови ги повика луѓето ширум светот да му испраќаат своите приказни и искуства во борба со коронавирусот, кои потоа стануваат дел од песната „Do what you can“.

Бон Џови на Твитер рече дека преку социјалните мрежи примил илјадници пораки и изведби на песни на таа тема, а некои од нив ги отпеал и самиот, наведувајќи го авторот на приказната.

Тој посебно им се заблагодаи на големите камиони кои и натаму се движат низ Америка, и како што вели тој, го олеснуваат животот на останатите.

Пејачот за „Ројтерс“ Објасни дека повикот луѓето да му праќаат свои стихови не била свесна намера, во смисла дека е нешто што мора да го направи, туку дека бил спонтан и искрен во својот повик.

Џови додаде дека многу стихови кои ги добил претставуваат исповед на оние кои се во прв ред во борбата со коронавирусот – медицински сестри, возачи на камиони и доставувачи на намирници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот