Фото: EPA/EFE

Бомбаш-самоубиец се разнел на пруга во Пакистан додека поминувал воз — загинаа 24 патници, над 70 луѓе се повредени

Силата на експлозијата превртела два вагона од возот, кои потоа се запалиле, при што густ црн чад се издигнал во воздухот, според снимки споделени на интернет.

Бомбаш-самоубиец денеска активирал возило натоварено со експлозив во близина на железничка пруга, додека патнички воз минувал низ југозападниот пакистански град Квета во Пакистан. Во нападот загинале најмалку 23 луѓе, а повеќе од 70 се повредени, објави „Асошиејтед прес“.

Силата на експлозијата превртела два вагона од возот, кои потоа се запалиле, при што густ црн чад се издигнал во воздухот, според снимки споделени на интернет.

Нападот се случил во област каде што обично се распоредени безбедносни сили. Притоа биле сериозно оштетени неколку околни згради, а искршени биле и повеќе од десетина возила паркирани покрај патот, според сведоци и фотографии што кружат на социјалните мрежи.

Лекари во локалните болници изјавиле дека ги примиле повредените, од кои 20 се во критична состојба. Тројца безбедносни службеници за „Асошиејтед прес“ изјавиле дека телата биле пренесени во болници по нападот. Тие зборувале под услов да останат анонимни, за да можат да разговараат со медиумите.

Забранетата Ослободителна армија на Белуџистан, позната како БЛА, која бара независност од централната влада на Пакистан, ја презеде одговорноста за нападот во соопштение испратено до новинарите. Милитантната група наведе дека цел ѝ бил воз што превезувал припадници на безбедносните сили.

Пакистанска крвава свадба – бомбаш самоубиец се фатил за орото и однел 7 животи

Квета е главен град на провинцијата Белуџистан, погодена од долготрајно бунтовништво. Регионот, богат со нафта и минерали, со години е сцена на бунтовничко насилство со низок интензитет. Бунтовниците честопати ги напаѓаат безбедносните сили, владините објекти и цивили, како во провинцијата, така и во други делови од земјата.

Пакистанските власти остро го осудија нападот во Квета, оценувајќи го како терористички чин врз невини цивили. Во болниците била прогласена вонредна состојба, а истрагата е во тек.

Премиерот Шехбаз Шариф изрази сочувство до семејствата на жртвите, додека главниот министер на Белуџистан, Сарфраз Бугти, најави дека одговорните ќе бидат пронајдени.

Исламабад ја обвинува БЛА дека има поддршка од Индија, што Њу Делхи го негира.

Претседателот Асиф Али Зардари порача дека Пакистан ќе се спротивстави на терористите и нивните помагачи, додека насилството во Белуџистан продолжува и покрај тврдењата дека бунтот е сузбиен.

Стотици загинати и ранети во воздушен напад на болница во Кабул – драматично ескалира конфликтот меѓу Пакистан и Авганистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот