„Бомба“ во НБА: Ирвинг се сели кај Дончиќ!

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Кајри Ирвинг кариерата ќе ја продолжи во Далас, објави денес новинарот на „ЕСПН“ Адриан Војнаровски.
Ирвинг пред неколку дена побара трејд од Бруклин и на крајот донесена е одлука да се пресели во клубот од Тексас каде што прва ѕвезда е Лука Дончиќ. Далас во замена за Ирвинг ќе ги добие Спенсер Динвиди, Доријан Фини-Смит, пикот од првата рунда во 2029 и уште неколку пикови од втората рунда.
Одличниот плејмејкер сезонава одигра 40 натпревари во најсилната лига во свето и постигнуваше 27.1 поени, 5.1 скока и 5.3 асистенции по натпревар. Ќе потсетиме, Ирвинг одби да се вакцинира против коронавирусот поради што минатата сезона запиша само 33 натпревари (четири во плеј-офот).
33-годишниот кошаркар во 2011 година беше прв пик на Кливленд на драфтот и со Кавси ја освои титулата во 2016 година.
The Mavericks are sending Dorian Finney-Smith, Spencer Dinwiddie, a 2027 first-round pick and second round picks to the Nets, sources tell ESPN. https://t.co/PUMhhYeDnQ
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) February 5, 2023