Потрес во НБА: Кајри Ирвинг побарал трејд?!

Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Кајри Ирвинг побарал трејд од Бруклин Нетс, пренесуваат вечерва американските медиуми.

Ирвинг веќе некое време не е задоволен во предградието на Њујорјк, а тензиите започнаа минатата година кога одби да се вакцинира против коронавирусот и поради тоа не играше поголем дел од сезоната и не потпиша договор вреден 100 милиони долари.

Сега изразил желба да си замине и Нетси ќе се обидат да го пронајдат најдоброто решение за двете страни. Време имаат до 9-ти февруари до кога е отворен „трејд периодот“ во НБА лигата.

Кајри сезонава одигра 40 натпревари и просечно постигнуваше по 27.1 поени по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот