Болниот Трајковски го одложи „ТНТ“

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Неговиот адвокат извести дека неговиот клиент поради здравствени причини не е во можност извесен период да присуствува на рочиштето.

Тони Трајковски, поранешен градоначалник на Гази Баба денеска не дојде на рочиштето за предметот „ТНТ“.

Неговиот адвокат извести дека неговиот клиент поради здравствени причини не е во можност извесен период да присуствува на рочиштето. Во судница дојде доктор Викторија Вујовиќ, психијатарот кој го лекува Тони Трајковски.

Поради приватноста и тајноста на дијагнозата, судијата Огнен Ставрев додека сведочи Вујовиќ ја исклучи јавноста. По дадениот исказ, судијата Ставрев извести дека обвинетиот Трајковски имал кратко, десетдневно боледување и дека процесот продолжува на 6 феврури.

Во овој предмет обвинет е екс премиерот Никола Груевски, кој според обвинението наредил да му биде уништен со експлозив комплексот „Космос“ на Фиат Цаноски, затоа што во 2011 како лидер на ПЕИ и пратеник ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Во овој предмет обвинети се и Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, Елизабета Најдовска и други обвинети од општина Гази Баба.

Видео на денот