Бојана Скендеровски / Фото: Скриншот/Јутјуб

Бојана Скендеровски се отвори за првиот брак: Не заслужува внимание

Бојана Скендеровски за првпат прозборе за првиот брак и откри каков став има сега за нејзиното минато. Поп-пејачката денес е среќно мажена за продуцентот Васко Скендеровски и имаат две деца. Претходно, таа беше мажена за Огнен Чаловски.

За „Гламур ТВ“, Бојана кажа дека минатото за неа е завршена приказна.

„Па на таа тема нема да зборувам, затоа што сметам дека едноставно некој не заслужува внимание. А и тоа е нешто што е многу далеку од мојата моментална животна приказна и јас сум човек којшто кога ги затвора книгите, ги затвора засекогаш. Веројатно тоа е мој начин на ослободување простор за идна среќа“. рече Бојана.

Пејачката е со цврст став дека не сака да се врти назад, туку напротив гледа напред.

„Јас никогаш не гледам назад, ниту пак размислувам кој, зошто и како направил некои постапки. Тоа се лични одлуки, јас можам да одговарам за своите одлуки во животот и сум човек којшто кога завршува со било каква релација, професионална, приватна, никогаш повеќе не филозофира ниту пак ја анализира. Пред да донесам многу одлуки во животот, на професионален и на приватен план, јас претходно ги зреам тие одлуки, ги размислувам, ги толкувам и откако ќе ги донесам, веќе назад не гледам“, рече Бојана.

Таа неодамна одржа успешен концерт во Тетово. За таа вечер, на социјалните мрежи напиша дека е една од нејзините најемотивни во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот