Бојана Скендеровски проговори за татко ѝ, кој сѐ уште живее со истиот жар
Бојана Скендеровски за првпат проговори за својот татко, со емотивен статус кој го објави на социјалните мрежи.
Препорачано
Поп-пејачката рече дека татко ѝ сѐ уште живее, работи, сака и создава со истиот жар како порано и нагласи дека неговата енергија и упорност се нејзина инспирација во секојдневниот живот. Повод за оваа објава е роденденот на таткото, кој ѝ бил голема поддршка, особено во почетоците на музичката кариера.
„Сѐ уште живее, работи, сака и создава со истиот жар… мојата инспирација за енергија и упорност… Среќен роденден, тато“, напиша Бојана со заедничка слика од татко ѝ.

Во ноември минатата година, пејачката ѝ го честиташе роденденот на мајка ѝ во објава на социјалните мрежи: „Среќен роденден, мајка. Остани ми убава, жива и здрава, и опкружена со сите на број!“, напиша Бојана до оваа фотографија, на која се гледа дека таа личи на мајка си, исто како и нејзината сестра Ивана.
Бојана во ноември лани прослави десет години брак со сопругот Васил Скендеровски и по тој повод објави заедничка фотографија со љубовна порака: „10 години градиме и создаваме големи нешта, зошто љубовта е нашата основа врз која создаваме! Среќна годишнина, Василе мој, само здравје, сè друго можеме! Те сакам“, напиша пејачката.
Бојана и продуцентот Васил Скендеровски имаат две деца, ќерката Искра и синот Ѓорѓи и партнери се не само приватно, туку и во работата, во заедничката продукција.


