Македонски концепт ја поддржува иницијативата на претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска за донесување на Закон за потекло на имот на сите новоизбрани пратеници во Собранието на Македонија како и именувани министри и високи функционери.
Проверка на имотната состојба на политичарите е проект што Македонски концепт ги понуди како дел од носечките столбови 3С за време на кампањата за предвремените парламентарни избори во јули, а еден од врвните приоритети треба да биде безусловно носење закон за докажување на потеклото на имотот на сите новоименувани пратеници, како и заплена на имотот на функционери и политичари коишто не можат да го докажат неговото потекло, изјави Петар Богојески од Македонски Концепт.
– Во Македонија е пракса да стекнатиот имот политичарите го прикажуваат на друго име, близок член од фамилијата. Па така сите оние кои во изминативе 30 години ги видовме во собраниските редови, но и високи владини функционери наместо да работат за доброто на граните, тие ја искористија позицијата за да се збогатат. Само со вистинско докажување на имотот и казнивост за секоја злоупотреба на позицијата на која се поставени може да дојдеме до поштени и народни државни функционери кои ќе работат да ги претставуваат интересите на граѓаните, а не за лично збогатување – изјави Богојески.