Богоевски: Имам докази како се монтирале случаеви од УБК

Во периодот од 2008 до 2015 работев во приватна фирма и бев консултант. Примањето на име пензија ми беше „замрзнато“. До СЈО имам поднесено барање за добивање информација дали сум бил прислушкуван. Тоа го сторив бидејќи од вработени во УБК бев предупреден дека моите комуникации се следат. Сум бил и физички следен од УБК. Како изминуваше времето, се повеќе добивав информации од вработени во УБК да пазам што зборам и со кого се сретнувам. Во 2009 година добив информации дека незаконски се барале ПИ-мерки против мене, рече поранешниот шеф на тајната полиција Слободан Богоевски.

Тој рече дека него го „лепеле“ за разни случаеви само за да траат ПИ-мерките кои ги барала тајната полиција од судот.

– Овие незаконски следени комуникации беа искористени полициски да се монтира случај против мене и уште неколку други лица каде единствен доказ е дека јас сум се познавал со двајца адвокати. Во сите случаеви на УБК и БЈБ е прекршен Законот со снимање на спектакуларни апсења, со лажни сведоци, со незаконски прислушкувани разговори. Со овие постапки се кршел Уставот и Законот од страна на УБК каде шеф беше Сашо Мијалков, а министер на МВР беше Гордана Јанкулоскарече Богоевски.

Тој рече дека него му е предизвикана голема штета.

– Незаконски бев во притвор сум месеци. И денес ги трпам последиците донесени од судот по наредба на Мијалков. За сите средби на Мијалков со сите обвинители и судии кои учествувале во овој предмет имам докази. Имам писмени искази заверени на Нотар кои присуствувале на тие средби. Многу пресуди се правосилни како и мојата, но се базирани од нелегално прислушкувани разговори. Барам на име материјална штета милион евра. За нематеријалната штета дополнително ќе се произнесам – истакна сведокот Богоевски.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешната УБК кои се обвинети за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година. Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвинителите Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска.

Судењето по предметот „Таргет-тврдина” е започнато на 22 декември 2017 година и се наоѓа во фаза на доказна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот