Богатството на Тутанкамон пред нашите очи: Музеј од 24.000 квадратни метри во подножјето на пирамидите во Гиза

Фото: Unsplash

По две децении исчекување, оваа година ќе се случи можеби најочекуваниот музеолошки настан во светот: отворањето на Големиот египетски музеј во подножјето на пирамидите во Гиза, во кој ќе бидат сместени повеќе од 100.000 експонати, вклучувајќи го и целото богатство на гробницата на Тутанкамон.

Колосалниот проект го започна поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, кој беше соборен во Египетската пролет. Проектот го изведе архитектонската канцеларија Хенеган Пенг од Даблин, а на дизајнот работеа повеќе од 300 луѓе од шест земји. Работата беше прекинувана неколку пати, а најголем застој предизвика египетската револуција (2011) и коронавирусот. Покрај роковите, беше пробиен и буџетот кој надмина милијарда евра, што е двојно повеќе од планираното .

Огромниот комплекс кој се простира на 24.000 квадратни метри е интегриран во пустинската средина. Фасадата е украсена со антички египетски мотиви. Најголем дел од експонатите што ќе бидат изложени до сега не се претставени на јавноста. Покрај материјалот од гробницата на Тутанкамон, уште еден скапоцен камен е бродот на фараонот Кеопс, изграден за да го олесни патувањето на душата на владетелот до другиот свет. Долг е 42 метри, тежок 20 тони и стар 4.600 години.

Зад гробницата на Тутанкамон можно е да има скриена просторија

Лицето на Тутанкамон по повеќе од 3.300 години научнo реконструирано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот