Бочварски: Активирана електронска и бесконтактна наплата и на првата патарина од Коридор 8

Фото: МИА

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски информира дека е активирана електронската и бесконтактна наплата на патарините (М-таг и М-кард) и на првата патарина од Коридор 8, односно наплатната станица Глумово, автопат Скопје – Тетово и најави воведување на системот и на втората патарина на автопатот Скопје – Тетово.

Ова, посочува Бочварски, се придобивките од иницијативата Отворен Балкан кои во делот на патарините за прв пат станаа достапни во јуни 2023 година со воведување на заедничкиот интегриран систем за електронската наплата на патарина меѓу Северна Македонија и Србија.

– Граѓаните, возачите можат да поминуваат низ македонските и српските патарини без да застануваат – рампите се креваат автоматски штом се доближи возилото, а наплатата оди електронски. М-Таг и М-Кард може да се набават на наплатните станици на ЈПДП. Најавувам соработка и со Грција, со што во текот на следната година со таг од Северна Македонија ќе може непречено и без застанување да се поминува и низ патарините во Грција, објави на својот Фејсбук профил Бочварски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот