Маск и Трамп во Овалната соба во Белата куќа / Фото: EPA-EFE/Aaron Schwartz / POOL

Блумберг: Трамп сака да постигне мир во Украина до Велигден

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, што е на 20 април оваа година, јави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

-Администрацијата на Трамп им кажа на европските претставници дека сака да обезбеди прекин на огнот во Украина до Велигден, објави Блумберг, цитирајќи официјални претставници.

Сепак, некои официјални лица изразија сомневање за изводливоста на таа цел, истакнувајќи дека темпото на преговорите – кои треба да започнат оваа недела во Саудиска Арабија со учество на високи американски и руски претставници – е амбициозно и потенцијално нереално.

-Многу е поверојатно дека решението би можело да се постигне до крајот на оваа година, се вели во извештајот, цитирајќи дополнителен извор.

Во меѓувреме, Белата куќа не го коментираше ова прашање.

Трамп ги започна своите мировни напори минатата недела со телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Последователно, европските претставници беа изненадени кога новиот американски секретар за одбрана изјави дека европските земји ќе бидат одговорни за обезбедување на безбедносни гаранции и мировни сили во Украина по постигнатиот договор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот