Близначки со разлика од 35 години: Каја Гербер и Синди Крафорд оставија без зборови

синди крафорд каја гербер
Фото: Profimedia

Уште од самото нејзино појавување на манекенската писта во 2017 година, Каја Гербер постојано ја споредуваат со нејзината мајка Синди Крафорд по чии стапки таа зачекори. Сличноста и специфичноста беше лесно забележлива на црвениот килим на наградите на „InStyle“.

Манекенското дуо мајка-ќерка излезе заедно на шестата годишна церемонија на доделување награди на InStyle во чест на креаторите на имиџот во индустријата, и тие докажаа дека нивното стилско влијание е тука да остане.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Додека ги покажуваше своите свежо скратени шишки, 20-годишната Гербер изгледаше исто како 55-годишната Крафорд која ја прегрна својата ќерка пред панелот на црвениот килим и позираше со горда насмевка.

И двете жени со своите аутфити внесоа малку сјај на настанот. Крафорд се одлучи за разнобојна шеврон металик плетена тоалета без ракави од Мисони спарена со „nude“ сандали. Во меѓувреме, Гербер пристигна во фустан на Александар Меквин со здолништето со реси кое слоевито го украсуваа сини омбре кристали и светкави везови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @okmagazinegeorgia

„Од првиот ден, луѓето во индустријата честопати беа изненадени од мојата сличност со мајка ми. Најголемиот комплимент за мене е кога некој ќе каже дека се однесувам како мајка ми. Покрај нејзината убавина и очигледна привлечност, таа отсекогаш беше мој херој и мој модел на пример поради начинот на кој ги третира луѓето и објективот низ кој го гледа светот, а тоа е нешто за што сум неверојатно благодарна“, изјзави младата манекенка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот