Каква мајка, таква ќерка: Новата генерација на македонски модели стапува на сцена

мајки и ќерки
Фото: Приватна архива

Знаете како велат: „Каква мајка, таква ќерка“. Во овој случај, тоа е: како мајка супермодел, така ќерка модел.

Во модната индустрија, вообичаено е во голема мера децата да тргнат по стапките на нивните родители. Може да бидат потребни години за да се пробие во поле како што е модeлингот, така што родител кој веќе го работел тоа, може навистина да помогне во кариерата на една млада манекенка. Воедно, многу супермодели ги пренесуваат своите фотогенични особини на своите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scrublife (@kristinabelinak)

Супермоделите од 70-тите, 80-тите и 90-тите сега ги гледаат своите деца како растат – и многу од нив ги следат нивните стапки. Со добро познати примери како Каја Гербер и сестрите Хадид, нивната манекенска лоза имаше големо влијание врз нивните животи. Но, освен следењето на истиот пат во кариерата, тие исто така во многу моменти, покажаа колку сакаат да бидат како нивните мајки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by X Runway Talks X (@runwaytalks)

Брук Шилдс, Синди Крафорд, Кристи Бринкли – некои од најпознатите светски супермодели се исто така мајки чии деца сакаат да ги наследат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

80-тите и 90-тите засекогаш ќе останат запаметени како „ера на супермодели“ – време кога дамите како Кристи Бринкли, Иман, Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Кејт Мос и Наоми Кембел станаа познати имиња ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vintage Page (@vintagephotostories)

Од тие денови, многу од познатите фаци од овој сет на модели “дипломираа“ на модните писти за да започнат бизниси и основаат свои семејства. Сега, неколку децении подоцна, имиња како Крафорд и Мос им го пренесоа манекенскиот факел на своите ќерки, од кои многумина можеби на крајот ќе бидат и попознати од нивните мајки.

 

Во оваа игра на имиња и лица на модели, очигледни млади играчи доаѓаат на ум како Каја Гербер, Џорџија Меј Џегер, Лила Грејс Мос-Хак, Сејлор Ли Бринкли-Кук и, се разбира, Џиџи и Бела Хадид. Сите тие можат да се пофалат со импресивни резимеа и се крем де ла крем во наследството на неверојатни гени.

На задоволство на многу фанови, некои манекенски дуа на мајка и ќерка дури и заедно прошетаа по модните писти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by styel🎀 (@rehabhanys)

Иако е неблагодарна било каква споредба на домашната со интернационалната модна сцена, сепак можеме да споменеме вакви примери и кај нас. Меѓу актуелните македонски манекенки во моментов неколку од нив се наследнички на кариерите на нивните мајки.

 

Елена Реи е можеби најуспешната македонска манекенка со долгорочна значајна интернационална кариера во голема мера како заслуга на гените но и на посветеноста и храброста на нејзината мајка Рената која и самата била модел во својата младост.

Елена Реи и Рената
Фото: Елена Реи и Рената / Извор: Приватна архива

Дваесетгодишната Иман Тотич, веќе една година прави пробив на модната сцена, првично овде а сега веќе и во Лондон. Убавината очигледно е наследена од нејзината мајка Александра Петровска која ја помниме како  мис на Македонија во 1996 и која како специфичен лик успешно работеше како модел и учествуваше во музички спотови.

александар петровска
Фото: Александра Петровска и Иман Тотич

Шеснаесгодишната Матеа Чекаров ги прави првите чекори на модното тло. Нејзината мајка Сашка Павловска ќе биде дел од култната македонска манекенска екипа во доцните 90-ти и почетокот на 2000-те. Своето искуство, талент но и убавина ќе го пренесе на својата ќерка па ќе ја изработат заедно нејзината прва сесија каде под сигурно водство ќе добие упатства од прва рака.

сашка павловкса
Фото: Сашка Павловска и Матеа Чакаров

Анастасија Богдановска ќе стапне на модната писта само што ќе прооди а првата фото сесија ќе ја има на четири години правејќи потоа пауза до 18-та година кога со чекорот кој не се заборава ќе зачекори на ревијата на својата мајка Снежана Богдановска која како модел е дел на првата екипа на македонски топмодели, за да потоа за краток период изработи ревии и едиторијали од кои некои ќе бидат заеднички како единствен генерациски спој кај нас.

снежана и анастасија богдановски
Фото: Снежана и Анастасија Богдановски / Извор: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот