ФОТО | Каја Гербер за прв пат на црвен килим со своето момче: „Зетот“ е вистински убавец
Каја Гербер и нејзиното момче Џејкоб Елорди за прв пат официјално се појавија заедно на црвен килим.
Двојката се појави во спарено дизајнерско гламурозно издание, на гала отварањето на новиот Музеј на Филм на Академијата во Лос Анџелес во саботата.
View this post on Instagram
20-годишната манекенка Гербер носеше светкав шампањ коктел фустан на „Celine“ од Хеди Слиман, додека 24-годишната ѕвездата од „Euphoria“ Елорди изгледаше елегантно во црн смокинг од „Celine Homme“ исто од Хеди Слиман.
View this post on Instagram
Каја изгледаше среќно во полна насмевка додека уживаше во прегратката на нејзиното момче.
Гербер и Елорди излегуваат веќе најмалку една година, откако беа забележани заедно за прв пат во септември минатата година. Двојката подоцна ја објави врската на инстаграм за време на Ноќта на Вештерките, каде беа облечени во костуми како Елвис Присли и неговата поранешна сопруга Присила.
View this post on Instagram
Во јуни/јулското издание на „Vogue“ манекенката се отвори за врската во насловното интервју.
„Да се има можност да се биде со некој кому му веруваш, каде не сакате ништо еден од друг, да се има таква безбедна, стабилна врска, навистина ми ги отвори очите за можностите за љубов и какво е чувството да се љуби безусловно. Страст е да се допрат други луѓе или да се посакуваат, но љубов е навистина да се гледа некој“, изјави Каја за „Vogue“.
View this post on Instagram