инстаграм

Блиската средба со смртта му ги отворила очитe: Суштината позади филозофијата на Чарлс Буковски!

Чарлс Буковски е еден од најпознатите и најчитаните писатели на сите времиња, а неговите ставови и однесување не се баш кај сите со исто ниво на одобрување. Без разлика на тоа, во прашање е една фасцинантна личност која не играла по правилата, а која успеала да биде успешна и да ги оствари своите замисли, макар на некој начин.

profimedia

Доколку се запрашаме што е тајната во неговиот успех, прво треба да имаме на ум дека тој многу лесно можел да го заврши животот прерано, како непозната личност, а не како некој чие име е меѓу најпознатите. Во неговиот случај успехот дошол дури во средната доба, а пред тоа се откажал од факултетот на половина, за малку ќе починел од чир и работел многу напорни, а слабо платени работи за да преживее. Тука постоел и период од скоро цела деценија кога не пишувал воопшто.

Блиската средба со смртта го натерала во потполност да се посвети на пишувањето и да продолжи да работи на нови текстови секојдневно. Дури години подоцна го постигнал посакуваното ниво на успех, а можеме да научиме многу од писматашто му ги праќал на својот пријател издавач и писател Вилијам Пакарди. Во нив пишува дека многу луѓе пишуваат поради погрешни причини, бидејќи сакаат да се прослават и да привлечат внимание на девојки, но на пишувањето треба да се посвети само доколку тоа ве одбрало вас, не вие него.

инстаграм

Тој сметал дека пишувањето го избрало него и дека поради таа причина се испаднало добро на крајот. Буковски велел дека луѓето премногу се трудат околу нешто и тоа е показател дека тоа е погрешната насока и погрешната цел. Доказ дека нешто не е за вас е доколку морате да се натерате себе да го правите тоа, бидејќи тоа е автоматски доказ дека воопшто не го сакате, туку само се залажувате. Обидот треба да дојде само доколку ви се чини дека ќе се каете до крајот на животот ако не се испробате во нешто. Затоа на неговиот гроб стојат зборовите „Не се обидувај“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот