Блажевски: Да се преиспита одлуката за недела неработен ден во туристичките места

Охрид
Охрид / Фото: МИА

Неделата по Нова година, првпат се примени законот според кој недела е неработен ден и дуќаните во охридската чаршија останаа затворени. Претседателот на ХОТАМ Крсто Блажевски вели дека би требало да се преразгледа овој закон во делот на туристичките места во земјава.

– Чаршиите во туристичките места при викенд посети, еден ден остануваат недостапни за туристите и туроператорите може да почнат да го прескокнуваат овој ден во нивните програми. Така, наместо дуќаните да бидат и подолго отворени со што ќе има и поголем прилив на данок, и државата и дуќанџиите ќе се соочат со загуби – вели Блажевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот