БК Куманово по втор пат го организираше турнирот Мирослав Петровиќ
Боксерскиот клуб Куманово – 84 од истоимениот град под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Боксерската Федерација на Македонија го организираше вториот по ред меѓународен боксерски турнир во чест на големата боксерска тренерска легенда Мирослав Петровиќ.
Препорачано
На турнирот учествуваа тимови од цела Македонија, Бугарија, Србија и Косово.
Во чест на бардот на боксот гости на турнирот беа 10- те најпознати боксерски имиња од поранешните југословенски простори, поранешни олимписки, светски и европски шампиони .
Се помина во најдобар ред и одлична организација од страна на домаќинот, а на крајот од турнирот беа прогласени најдобрите од страна на жирито составено од познати боксерски асови.
НАЈДОБАР БОКСЕР – Орхан Јашаров – БК Куманово 84
НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ БОКСЕР – Еди Насуфи – БК Синди
НАЈБОРБЕН ПАР – Арсим Етеми и Ремзо Мустафиќ
НАЈДОБАР СТРАНЕЦ – Бисенте Фернандес – БК Сомбор
НАЈДОБАР ТЕХНИЧАР – Шпетим Ајредини – БК Хасан Бег
НАЈМЛАД УЧЕСНИК – Фурхан Јашаров – БК Куманово 84
НАЈПЕРСПЕКТИВЕН БОКСЕР – Влатко Василевски – БК Баргала
НАЈДОБАР СУДИЈА – Радмила Симевска
НАЈДОБАР ТРЕНЕР – Ѓорѓи Шамулев – БК Пирин ,Бугарија


