Бизнисменот Штерјо Наков исчезна неколку часа, полицијата го најде во Орешани

Фото: МТВ/принтскрин

Познатиот бизнисмен Штерјо Наков вечерва бил неколку часа исчезнат, а неговото семејство пријавило и во полиција, по што започнала потрага.

Доцна вечерта, полицијата го пронашла 74-годишниот Наков во селото Орешани, објави Радио Лидер, повикувајќи се на полициски извори.

Според извештајот, тој бил пронајден во нарушена здравствена состојба, но е надвор од животна опасност.

МВР официјално не соопшти никакви информации ниту за исчезнувањето, ниту за пронаоѓањето на бизнисменот.

Штерјо Наков е долгогодишен сопственик на шпедитерската компанија „Фершпед“, како и на повеќе други фирми и хотели. Тој со децении е еден од најбогатите Македонци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот