Бизарна случка во Италија: Маж отишол на вакцинација со силиконска рака, веднаш бил фатен

Фото: mia.mk

Италијанец (50) од северниот регион Пиемонт се појавил на својата вакцинација против ковид-19 со лажна рака направена од силикон, по што веднаш бил фатен и сега се соочува со кривична пријава. 

Докторот веднаш откако мажот му ја дал раката, се посомневал во човекот. Тој веднаш потоа побарал од мажот да ја соблече кошулата.

Тука пропаднал планот на антиваксерот.

„Се чувствував навредена како професионалец“, изјави Филипа Буа за Република.ит. „Бојата на раката ме натера да се сомневам и затоа го замолив мажот да го открие остатокот од левата рака. Беше добро направен, но не беше во иста боја“.

Откако му била откриена измамата, човекот го молел медицинскиот работник да му прости и да го пушти. Но, тој веднаш бил пријавен, а здравствените власти треба да поднесат пријава до Обвинителството.

Никој претходно не се посомневал

Мажот, наводно, ги следел сите вообичаени процедури, бил интервјуиран за неговото здравје и потпишал формулар за согласност пред лекарот, пред да ја открие својата силиконска рака.

Бизарниот инцидент се случи на 2 декември во центарот за вакцинација во Биела каде што е дозволен директен пристап, без закажување, за оние кои ќе одлучат да ја добијат првата доза од вакцината против Ковид.

Човекот отишол да се вакцинира само поради добивањето на ковид сертификат, кој е задожителен во Италија за извршување на многу работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот