Битолската група „Код 369“ објави нов сингл од албумот „Стадиуми на љубовта“

Синглот е проследен со слика - авторско дело на битолскиот уметник Виктор Лозанов

Специјално за домашната македонска публика музичката група „Код 369“ го објави синглот „Револуција“, а песната е препеана од англиски на мајчиниот македонски јазик.

„Револуција“ е тема која инспирира со позитивниот текст и ведрата и динамична музика и истовремено поттикнува на размислување за општествени промени и промените кои човештвото мора да ги превземе, порано или подоцна, за да го задржи блиското и непосредното, паралелно со сѐ поприсутното виртуелно живеење.

Синглот е проследен со слика – авторско дело на битолскиот уметник Виктор Лозанов. Сликата е претставена во форма на графит на кој вокалистката на „Код 369“, Ирена Димовска-Митревска, повикува на интелектуална револуција. Истиот е инспириран од делата на глобално познатиот графити уметник Бенкси, известија од „Баги Комуникации“.

Битолската група „Код 369“ оствари извонреден успех на музички план во текот на 2022 година, а потпишаниот договор со „Кроација рекордс“ и објавата на албумот „Стадиуми на љубовта“ им ги отвори портите кон целиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот