Битолчанец настрада во страотна сообраќајка близу Меџитлија

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола. 

Битолчанецот А.Б. (34 г.) го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на патот Битола – граничен премин Меџитлија.

Од СВР-Битола информираат дека несреќниот настан е регистриран кај крстосница од селата Бистрица и Оптичари, кога патничко моторно возило рено меган” со битолски регистарски ознаки, управувано од битолчанецот излетало од коловозот.

На пат за Клиничката болница во Битола, возачот починал.

По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот