Марко Бислимовски, Регулаторна комисија за енергетика / Утрински брифинг

ВИДЕО | Бислимоски: Тие што екстремно трошат електрична енергија за копање биткоини, ќе плаќаат екстремно висока цена

Тие што екстремно трошат електрична енергија за копање биткоини, ќе плаќаат екстремно висока цена. Но, ќе треба да бидат регистрирани сите оние кои го прават тоа и да плаќаат даноци. Факт е дека сега трошат евтина цена за домаќинствата, но со новиот тарифник кој треба да се донесе некаде во јуни рабтите ќе се сменат. Ќе има јавна расправа во која ќе учествуваат сите заинтересирани страни, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ, за Утрински брифинг.

За трендот во некои општини да исклучуваат улично осветлување, коментар даде и директорот на РКЕ.

– Треба да сфатиме дека мора да се штеди бидејќи сме енергетско увозна земја. Сферата на улично осветлување е во доменот на општините и тие ги донесуваат одлуките. Цените на струјата се во драматичен раст. Затоа ќе воведеме блокови за домаќинствата за да се ограничи потрошувачката на струја, односно да се троши рационално. Ќе има два или три блока за скапата тарифа, а евтината тарифа нема да има блокови иќе биде неограничена по иста цена. За скапата тарифа и поделбата на блокови собираме податоци за да определиме една точна категоризација на блоковите. Има потрошувачи кои живеат во згради и се греат на струја и поентата е тие да не бидат казнети ти немаат услови за друг вид греење. Но, имаме домаќинства, обично богати домаќинства, кои имаат енормна потрошувачка на струја, вели Бислимоски.

Тој додава дека „казнети“ ќе бидат оние кои имаат енормна потрошувачка на струја, но не и оние домаќинства кои се греат на струја. Потрошувачката во зимските месеци е за 70 отсто поголема од потрошувачката летно време.

– Во овој момент нема поднесено барање за поскапување на струјата. Операторите барањата треба да ги достават до крајот на месецот, па потоа Регулаторната комисија ќе заседава. На пазарот цената на струјата се движи од 220 до 230 евра за киловат час, а исто висока цена имаме и за цела 2023 година. Заштита од високи цени на струјата е зголемување на домашното производство. Тоа го видовме на почетокот од енергетската криза – Босна и Бугарија вишокот на струја го продадоа по многу високи цени и добро заработија, вели Бислимоски за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Бислимоски: Резерви на нафтени деривати има, а горивата се скапи поради растот на доларот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот