Бислимоски: Блок тарифите за струја ќе бидат со повеќе киловати од првичниот предлог
Анализите за блок тарифите за струја се при крај, а она што може сега да се изјави дека ќе се корегира првичниот предлог, односно лимитите од една во друга блок тарифа ќе бидат поставени на повисоко ниво, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
Препорачано
– Во носењето на новиот модел за блок тарифи за струјата учествува стручната јавност и имаме повеќе одржани расправи. Новиот модел ќе се донесе навреме. Новиот ценовник заедно со блок траифите треба да почне да се применува на 1 јули – рече Бислимоски.
Според сегашниот предлог што беше ставен на увид на стручната јавност, првата блок тарифа се однесува на корисниците кои трошат до 210 киловат часови електрична енергија во високата тарифа за еден месец, вториот блок ги опфати потрошувачите што трошат до 420, третиот од 421 до 630 и четвртиот над 630 киловат часови.
На регулираниот пазар, покрај домаќинствата се и мали потрошувачи. Но, Бислимоски изјави дека ова тарифирање нема да важи за малите потрошувачи. На 1 јули ќе се знае и по која цена, малите компании ќе ја купуваат струјата.


