Били Ајлиш ќе биде гостинка во „Симпсонови“

Били Ајлиш/ Фото: EPA/DAVID SWANSON

Поп ѕвездата Били Ајлиш би требало да му се придружи на семејството Симпсонови во новата емисија на Disney+“ овој месец, објави пејачката.

Поп ѕвездата која освои Оскар, заедно со братот Финеас О’Конел, ќе се појави во краткиот филм под наслов „Кога Били ја сретна Лиса“ кој ќе се емитува на 22 мај. Лиса Симпсон ќе ги открие Ајлиш и О’Конел додека бара мирно место за вежбање саксофон.

Музичката двојка тогаш ќе ја повикаат Лиса во своето студио на посебна „jam session“, откриваат од таму.

Пејачката (20) се појавува во четвртата колекција кратки филмови создадени исклучиво за „Disney+“. Претходните кратки филмови ги вклучуваа „Maggie Simpson In The Force Awakens From His Nap” со содржина од „Војна на ѕвездите“ и „The Good, The Bart, And The Loki” инспириран од Марвел.

Дуото Ајлиш и Финеас неодамна освоија Оскар за најдобра оригинална песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот